На ден 20.05.2024 година во просториите на Музеј на Р. С. Македонија се одржа семинар – практична работилница на тема „Виртуелна приказна“ за лица со попреченост, наменета за едукаторите вработени во музеите. Раководител на проектот е едукатор Сузана Марковска, предавач на семинарот е м-р Емилија Георгиева. Цел на проектот е да се обучат едукаторите за работа и пристап за лицата со попречености. За таа цел секој едукатор со помош на фотографии од музејот од кој доаѓа или копии од поставката, ја презентираа онака како што би ја презентирале пред одредена категорија на лица со попречености. После секоја презентација, предавачот даваше свои позитивни мислења, насоки, како и споделување искуства и идеи за понатамошната работа со овие целни групи.
Учесници на семинарот беа едукатори вработени во НУ Музеј на РС Македонија – презентација за лица со оштетен вид, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза - презентација за лица со оштетен вид, НУ Природнонаучен музеј - презентација за лица со интелектуална попреченост, MUZEJ NA GRAD Skopje - Skopje od den na den - презентација за лица со интелектуална попреченост, НУ Музеј на македонската борба - презентација за лица со оштетен слух, Музеј „Теракота“ – Виница - презентација за лица со аутизам , НУ Музеј на современа уметност - презентација за лица со оштетен слух.