Од денес, по подолг период, повторно во функција отвараме една од нашите специјализирани продавници за сувенири. Посетете ја продавничката на Музејот на Македонија во Порта Македонија.
Истата ќе работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. Не работиме во недела и на државни празници.
Богата понуда на бројни производи, сувенири, копии, чадори, магнети, привезоци, шолји и што ли уште не.
Посетете не, Ве очекуваме!
П.С. Благодарност за соработката до директорката на Музејот на македонската борба, Анче Илиевска. Се надеваме дека во периодот кој следи ќе продолжиме со добрата интер институционална соработка.
П.П.С. Благодарност од страна на Директорот до сите вработени во Музеј на Македонија кои се потрудија изминатите две недели ова место да го вратат во кондиција да биде средено и функционално, по подолг период.