Утре, сабота во 19 часот, во Музеј на Р.С. Македонија ќе биде одржана промоцијата на музејското стрип издание ,,Стрип Арт’’ на група млади автори: Петар Новковски, Ивана Атанасовска и Јован Терзиоски кои под водство на професорот Благојче Наумоски учествуваа во музејската едуктивна програма.
Стрипот е организиран во четири целини кои се разликуваат по темите и изработката на цртежот од авторите.Така што првиот дел е ,,Кокошкини нозе” на Ивана Атанасовска за митот на баба Рога измешан со Јованче и Марика, потоа вториот е ,,Креација на новото божество” на Петар Новковски кој се бави со преплетувањето на митовите и сагите на Норманите со Словенските легенди , трет е ,,Патување на шаманот” епска фантазија за патот на еден моќен шаман по потрага за голема моќ, а четвртиот и последниот стрип е комедија кога Марко Крале би го сретнал Тор и Один на Благојче Наумоски.
Изданието ,,Стрип арт” изобилува со слободно толкување и гледишта на македонските митови и легенди за да бидат трансформирани во еден интересен стрип кој е пристапен и забавен за младата публика. Создавањето на овој стрип беше во рамки на Музејската едукативна програма и се одвиваше во етнолошката музејска сала преку целата 2024 година. Публикацијата е издание на Музеј на Р. Македонија, а уредник е Владимир Благојевиќ.