Музеј на Македонија Logo

Свечено отворање на изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“

Свечено отворање на изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“

Вчера вечер во Музејот на РС Македонија се отвори изложбата „Богородица мост помеѓу небото и земјата“.
Изложбата ја отвори директорот Борче Топуковски, по него говореше еминентниот историчар на уметност м-р Дарко Николовски и авторките Марија Петковска и м-р Татјана Трајковиќ кои се кустоси во Музејот.
Иконите и фреските што се презентирани на изложбата претставуваат значаен дел од културното наследство на нашата земја, кои не се само уметнички дела, туку и духовни симболи.

Дел од пријатната атмосфера ви пренесуваме на фотографиите подолу.