Денот 24 мај, посветен на светите браќа Кирил (ок. 827–869) и Методиј (ок. 815–885), родени во Солун, заземаат исклучително значајно место во историјата на словенската цивилизација, христијанската мисионерска дејност и развојот на словенската писменост.Кирил, чие световно име било Константин, бил истакнат филозоф и професор во патријаршиското училиште во Константинопол, додека Методиј бил игумен на грчки манастир. По барањето на кнезот Ростислав од Велика Моравија во 862 година за испраќање мисионери кои ќе го проповедаат христијанството на разбирлив јазик,византискиот цар Михаил III и патријархот Фотиј ја довериле оваа мисија на Кирил и Методиј. Во 863 година тие ја започнале својата просветителска и мисионерска дејност меѓу Словените, воведувајќи го словенскиот јазик во богослужбата и црковната проповед.За потребите на оваа мисија, Кирил ја создал глаголицата – првото словенско писмо, со што биле поставени темелите на словенската книжевност и писмена култура. Браќата ги превеле најважните богослужбени книги и делови од Светото писмо на старословенски јазик, овозможувајќи пошироко ширење на христијанската вера меѓу словенските народи. При нивниот престој во Рим во 868 година, папата Адријан II официјално ја одобрил употребата на словенскиот јазик во литургијата, со што нивната мисија добила и западноцрковна потврда. Благодарение на нивното дело,
Светите Кирил и Методиј остануваат трајно запаметени како „Апостоли на Словените“ и основоположници на словенската духовна и културна традиција.
икона: Св.Кирил и Методиј, крај на XIX век, непознато потекло зограф: Димитар Андонов Папрадишки