Музеј на Македонија Logo

„Светлосни фрагменти“ - ЕТНО МУЗЕЈ

„Светлосни фрагменти“ - ЕТНО МУЗЕЈ

Вчера во галеријата „ЕТНО МУЗЕЈ“ Македонско село - Macedonian village „Македонско село“ – Нерези, беше отворена самостојната изложба „Светлосни фрагменти“ на доц. м-р Марија Рашковиќ, проект поддржан од Музејот на Македонија.

Изложбата одбележува десет години активно и континуирано творештво на авторката, чие уметничко изразување е силно инспирирано од богатото македонско народно творештво и традиција. Пред посетителите се претставени 33 уникатни ламби украсени со етно-орнаменти, кои на современ и креативен начин ја истакнуваат поврзаноста меѓу културното наследство и применетата уметност.

Во наредните седум дена, доколку сè уште не сте ја посетиле изложбата, ве покануваме да ја разгледате оваа интересна поставка и да уживате во уникатниот амбиент на „Македонско село“.

Дополнително, посетете ја и нашата сувенирница, каде што ќе најдете богат избор на автентични сувенири и ракотворби.

Работно време:
Вторник – Недела
10:00 – 18:00 часот

Ве очекуваме!