Музеј на Македонија Logo

Светски ден на културната разновидност за дијалог и развој

Светски ден на културната разновидност за дијалог и развој

На 21.05.2025 година го одбележавме Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој заедно со Коалиција на граѓански оргнизации, Форум на немнозинските заедници во РС Македонија. Група ученици од немнозинските заедници имаа можност заедно со едукаторите да разгледаат дел од етнолошката поставка на Музејот, потоа имаа едукативна работилница на тема „Грнчарство“. На работилницата моделираа садови од глина и ги украсуваа и боеја.

Ни претставуваше голема чест и задоволство што овој ден го поминавме заедно споделувајќи нови знаења, голема благодарност до Форумот на немнозинските заедници во РС Македонија за успешната соработка.