Творечки вторник за исполнети срца!
Има нешто волшебно во тоа кога од парче глина и малку разговор ќе се роди уметност.
Денес, во нашиот Едукативен центар во Музејот на Македонија, просторот се исполни со добро расположение, разговори и многу креативност. Заедно вајавме глина и лепевме колаж, потсетувајќи се колку е посебно и смирувачко чувството кога создаваме нешто убаво со сопствени раце.
Нашите драги учесници уште еднаш ни покажаа дека желбата за учење и творештво нема години.
Ве охрабруваме да ни се придружите на следната работилница во вторник на 14 јули во 10:00 часот.
Како да си резервирате место?
- Пишете ни во коментар под овој пост
- Јавете ни се на 071 837 046 (секој работен ден до 15:00 часот)
Бројот е ограничен на 15 учесници. Ве очекуваме!