Музеј на Македонија Logo

Уште еден вторник помина во знакот на прекрасната креативност на пензионерите.

Уште еден вторник помина во знакот на прекрасната креативност на пензионерите.

Денешното претпладне во нашиот Едукативен центар во Музејот на Македонија помина во знакот на прекрасната креативност на пензионерите.

Просторот се исполни со добро расположение претворајќи ја работилницата во вистински мозаик од креативни струи. Заедно вајавме глина, лепевме колаж и низ моделирање се потсетивме колку е посебно и смирувачко чувството кога создаваме нешто убаво со сопствени раце. Беше прекрасно да се гледа како секоја рака создава своја приказна, но уште поубаво беше да се слушаат споделените искуства, впечатоци и приказни од минатото!

Ве покануваме на следното дружење!

Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа убава приказна, веќе ги планираме следните креативни средби.

Можете да се пријавите на нашите социјални мрежи или јавете ни се на 071 837 046.

Местата се ограничени на 15 учесници.

Ве очекуваме!