Музеј на Македонија Logo

Ве покануваме на работилница со глина за пензионери

Ве покануваме на работилница со глина за пензионери

Ве покануваме на работилница со глина за пензионери

Музејот е простор каде што се чуваат спомените, но и место каде што се раѓаат нови креативни идеи. Ве покануваме на дружење и моделирање со глина, каде низ разговор и уметничко изразување споделуваме приказни во пријатна атмосфера. Обликувањето на глината со сопствените раце е прекрасен начин да ја раздвижите позитивната енергија и да ја откриете креативната страна во себе.

Особено ни значат ваквите средби – затоа што преку нив повторно ја откриваме безвремената радост на создавањето.

Ве очекуваме секој вторник од 09:30 часот во Едукативниот центар во Музеј на Македонија!

Бројот на места е ограничен на 15 учесници.

Резервации на 071 837 046 или на нашите социјални мрежи