Продолжуваме со активностите од проектот „Велигден“ заедно со учениците од IIIа,IIIб и IIIв одделение од ООУ„Браќа Миладиновци“. На едукативните работилници децата боеја боенки со мотиви на народни носии, во минатото додека луѓето се подготвувале за празникот Велигден, домаќинките трабало да направат нова празнична облека за своето семејство.