Од 23.04 до 09.05.2025 година во Центарот за едукација се реализираше проектот „Грнчарство“ со ученици од III-4 одделение од ООУ„Блаже Конески“. Со учество во работилниците учениците научија како се изработувале глинените садови во минатото, а имаа и можност и тие сами да прават предмети од глина и да ги украсуваат и бојат. На завршната презентација учениците преку нивните изработени дела ги раскажуваа работилниците и приказната за грнчарството. Благодарсност до учениците, стручниот и наставниот кадар од ООУ„Блаже Конески“ за уште една успешна соработка.