На 08.05.2025 година во Центарот за едукација при НУ Музеј на РС Македонија се одржа семинар и практична работилница на тема „Визуелна приказна“ за посетители со попреченост. На семинарот присуствуваа музејски работници од повеќе музеи од Македонија, предавач беше проф. м-р Емилија Георгиевска. Проектот е дел од годишната програма на Музејот за 2025 год., финансиран од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.