Од 04.12.2023г. до 28.12.2023г. во рамки на Центарот за едукација при Музеј на Република Северна Македонија се реализираше проектот „Коледе – бадник“, со ученици од III-1, III-2, III-3 и III-4 одделение од ООУ „Љубен Лапе“. Преку учеството во работилниците учениците се запознаа со музејот, научија за примарната музејска култура и научија за тоа како се празнувал во минатото празникот, зошто се празнува, кое е неговото значење и обичаите поврзани за Коледе – бадник. Упатуваме голема благодарност до наставниците и учениците од ООУ „Љубен Лапе“, за учеството во работилниците и успешно реализираниот проект.