Европските денови на културното наследство пред самиот крај на работната недела ќе бидат дополнети со забава на платото на Музејот. Утре по отворањето на изложбите кое ќе започне од 14:00 часот, нешто подоцна од 15 часот, Ве покануваме заедно да уживаме во музички амбиент со бендот Sub Bass Jazz и настапите на музичките изведувачи Vladodlak, Gameover и Igor Kalc.