Започнавме со реализација на едукативниот проект „Велигден“, со ученици од IV-а, IV-б и IV-в одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“. На првиот час од проектот учениците заедно со едукаторите ја разгледаа етнолошката поставка, притоа научија што е тоа музеј, како треба да се однесуваме при посета не музеите и како да се грижиме за нашето културно богатство.