Музеј на Македонија Logo

Запознавање со грнчарството во Едукативниот центар на Музејот на Македонија

Запознавање со грнчарството во Едукативниот центар на Музејот на Македонија

Денес во Едукативниот центар во Музејот се одржа едукативна работилница за грнчарство, која продолжува како дел од нашата долгогодишна соработка со ОУ „Кирил и Методиј“.
Со нас беа учениците од IV-2 одделение, кои имаа можност одблиску да се запознаат со музејските предмети и експонати, да дознаат повеќе за нивното значење и на тој начин да ја почувствуваат традицијата како нешто блиско, живо и достапно за нив.

Во рацете на нашите вредни и посветени едукатори, музејот станува простор каде што минатото се запознава, се доживува и се учи низ креативност и дружење.