Повелете на отворањето на изложбата - Жената во македонското сликарство, утре , 22.10.2025 година во Музеј на РС Македонија во 19:30 часот.
Како во светската, така и во македонската современа уметност, жената останува постојана и неисцрпна инспирација и мотив преку кој уметничките дела стануваат визуелни сведоштва за животот и духот на времето. Автори на изложбата се Татјана Канчевска Смичковска и Горан Павловски.