Впечатлив и со традиција месецот на пролетта е и месец на жената. Се отвори изложбата "Жените низ црно-бели фотографии". Настанот е посветен на сите жени од минатото до денес, кои низ животниот циклус успевале храбро да опстанат во виорот на секојдневието. Борејќи се за својата независна улога, низ послушност во традицијата, па се до излегување од домовите и борбата за образование и вработување, докажуваат дека се еднакво корисни како и спротивниот пол. Напредокот и правата на жената во секоја сфера од нашето општество продолжува понатаму.